X
 29.01.2020 Наука

Зошто името Луцифер е забрането во Исланд?

Контроверзниот исландски Комитет за одобрување имиња го забрани името Луцифер.

Обидот да го крстите детето по ѓаволот не наидува на одобрување во Исланд. Комисијата го забрани името Луцифер затоа што ги крши одредбите на Законот за имиња.

Комисијата истакнува дека името Луцифер е одбиено бидејќи исландската азбука ја нема буквата „ц“.

Новиот обид да се пишува името користејќи „с“ наместо „ц“ исто така поминал неуспешно.

Инаку, Комисијата за одобрување имиња е само една од многуте институции што се занимаваат со зачувување на исландската традиција. Во овој случај тие обезбедуваат личните имиња да бидат во согласност со правилата на исландскиот јазик, кој е сосема малку променет уште од средниот век.

Една од необичните работи е тоа што Исланѓаните ретко имаат презимиња, туку го користат патронимскиот систем - децата главно го земаат името на таткото и му додаваат „сон“ (син) или „дотир“ (ќерка).

island
Фото: Getty Images


Долгогодишната политика на минимализирање на влијанието на странските јазици важи и за зборови што се користат за новите форми на технологија, па дури и за имиња на коњи.

Но, комисијата во изминативе години се соочувала со доста критики.

Џон Гнар, поранешниот градоначалник на Рејкјавик, и поранешниот министер за правда Олоф Нордал изјавија дека правилата за имињата се застарени и често недоследни.

Така, на пример, случајот на една мајка на која не ѝ било дозволено ќерката да ја крсти Блаер се влечел со години, а за него пишувале и медиумите надвор од Исланд.

Лингвистот Јоханес Бјарни Сигтријгсон изјави дека е тешко да се толкува Законот за имиња.

Сепак, тој смета дека без него исландската патронимска традиција може да исчезне за само неколку децении.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука