Баварското министерство за живеење, изградба и сообраќај очекува да заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода годинава благодарение на пилот-проект за топење на снегот.
Пилот-проектот функционира веќе една година и досега е успешен. Патната служба во Динголфинг користи вода од кисели
краставички наместо сол за да ги одржува безбедни патиштата во зима.
Отпадната вода што се создава при производството на кисели краставички на произведувачот „Девели“ ја заменува класичната сол за одмрзнување на патиштата. Оваа вода претходно се фрлала, но сега се прска по улиците.
Со водата што ѝ останува на компанијата се одржуваат автопати во радиус од 85 километри од Динголфинг во текот на целата зима.
Извор:
revijahak.hr
Фото: Pixabay