X
 05.01.2016 Живот

Возење по снег - што треба да знаете, што да правите и што да не правите

Првиот снег е сигнал за сите учесници во сообраќајот кои треба да се префрлат во зимски начин на размислување. Иако оваа година зимата и снегот се малку поблаги од минатата година, возачите ги очекуваат неколку месеци возење во потешки зимски услови на кои треба да се прилагодат.

Како и секоја година, во ова време добро би било да се потсетите на некои совети и правила на однесување кои ќе ви помогнат возењето по снег да го започнете и завршите безбедно. Клучните зборови треба да се знаење и претпазливост - а не стравот. Но, пред се`, неопходно е вашиот автомобил да биде соодветно опремен за снег. Не треба ни да помислите да возите доколку вашиот автомобил ја нема соодветната зимска опрема.

Гумите се задолжителен дел од опремата за автомобил, но постојат и други работи кои ви се потребни за да можете безбедно да возите.

Добрите бришачи и течност за миење на шофершајбната која не замрзнува кога температурите се во минус, се подеднакво важни за видливоста додека возите. Обрнете внимание секогаш да имате доволно течност ако одите на подолг пат, па доколку е потребно земете си резервно пакување. Исто така, потребно е да имате четка со која ќе го чистите снегот од автомобилот.

Внатрешните површини на прозорците од автомобилот обавезно одмаглете ги пред да тргнете. Топлиот воздух од вентилацијата треба директно да дува во шофершајбната за површината на стаклото да остане топла во текот на возењето. Ако вентилацијата не може да го направи тоа, тогаш добро би било да имате сува и чиста крпа за да ги избришете деловите од стаклото кои се замаглени.

Проверете дали бришачите се залепени за стаклото поради мразот, но немојте да ги користите додека на шофершајбната има мраз. Долгорочната изложеност на топол воздух ќе ве направи поспани и реасеани, па повремено отворајте ги и затворајте ги прозорците за да проветрувате.

Снегот на патиштата од возачите бара да се прилагодат на новите услови во возењето - златното правило е да не правите никакви ненадејни движења. Исто така, важно е да не се движите брзо. На патиштата понекогаш ќе наидете на посебни сообраќајни знаци за ограничување на брзината, коии важат само во случај на обилни снежни врнежи на патот. Кога ќе видите таков знак, прилагодете ја брзината на брзината која ја пишува на таблата.

Секогаш држете безбедно растојание од возилото пред вас, со надеж дека и тој возач се придржува кон советите. Исто така, кога ќе падне снег, нема да можете да возите со иста брзина со која сте возеле во нормални услови. Особени по кивини или при преминување на раскрсници ќе ви биде потешко.

Во принцип, ви советуваме рачниот менувач додека возите да го префрлите во помала брзина, веднаш штом ќе постинете благо забрзување во текот на возењето.

Што вели науката?

За возилото да се однесува онака како што очекувате, и да оди во саканата насока кога ќе го свртите воланот или пак да запре кога ќе притиснете на кочницата, од клучно значење е да имате добри гуми.

Со оглед на тоа што контактот со патот се реализира преку гумите, тие се клучен фактор во текот на возењето. Коефицентот на триење може да се движи од 0 (кога триењето меѓу два предмети воопшто не постои) до 1 (кога триењето е маскимално). Квалитетните автомобилски гуми во контакт со сувиот асфалт имаат коефицент околу единица.

Кога истите овие гуми се движат по влажен автопат, коефциентот паѓа на 0.7, што не е премногу опасно, но бара зголемена внимателност при возењето.

Сепак, на снегот работите драстично се менуваат. Коефицентот е 0.15, а во случај на мраз е околу 0.8. Ова значи дека триењето во зимски услови на возење е 10 пати помало отколку кога возите на сув асфалт на температура над 9 степени.

Како што веќе напоменавме, во текот на возењето на снег важно е движењето на воланот и притискањето на педалот за гас, и кочницата да не ги притискате многу. Ако поради снегот не можете да се движите, обидете се наизменично вметнување на рачната од прва во рикверс, движејќи го автомобилот нанапред-наназад, сè додека не се извлечете од снегот.



Намаленото триење помеѓу гумите и патот бара со кочење да започнете порано, применувајќи помал притисок на командата отколку кога возите на суво. На овој начин избегнувате губење на контрола над возилото.

Кога возите по нагорнина, обидете се да држите на гаста рамномерно и не застанувајте без потреба, бидејќи може да се случи да не можете да продолжите да возите. Ако автомобилот пред вас застане, треба да му оставите доволно простор да може повторно да се движи.

Престројувањето е доста незгоден процес во вакви тешки услови на возење. Иако знаат дека е особено тешко да се запре автомобилот, некои возачи го занемаруваат овој факт и се престројуваат пред другите возачи како патот да е сув. Најважно е секогаш соодветно да одржувате растојание и да  си овозможите безбедно да застанете.

Кога ја менувате сообраќајната лента, немојте да правите ненадејни потези со воланот и немојте силно да притискате на гасот, бидејќи можете да изгубите контрола над возилот.

Во секој момент во текот на возењето треба да бидете целосно концентрирани и уште повнимателни од претходно, бидејќи возачките грешки на снегот, ретко се простуваат.

Ако немате доволно искуство во возење на снег, побарајте празен паркинг или друга поголема површина на која не се одвива сообраќај и нема други возила или пешаци. Тука можете да возите промена на правецот, забрзување и кочење во услови на снег и да стекнете искуство како вашиот автомобил ќе се однесува на снегот.

Подготовка за пат: Очекувајте го неочекуваното

Во идеален свет, службите за чистење на патот работат совршено и патиштата се секогаш исчистени од снег. Но, во нашата држава не е секогаш така, па тоа не се прави во краток временски период.

Затоа, ако сакате да одите некаде, информирајте се за состојбата на патиштата кадешто сакате да се движите, но секогаш имајте во предвид ситуацијата во меѓувреме да се промени и влоши.

Бидете спремни дека во автомобилот ќе поминете повеќе време отколку што сте планирале - наполнете го целиот резервоар, за да имате доволно гориво за работа на моторот во место и греењ во случај на застој.

Исто важи и за вашиот мобилен телефон - наполнете ја батерија, земете си доволно течности и храна, а добро би било и да имате ќебе во возилото.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот