Норвешкиот министер за правда Тор Микел Вара поднесе оставка откако неговата партнерка беше обвинета за повеќе работи, меѓу кои и за палење на автомобилот на Вара.
Норвешката безбедносна агенција соопшти дека партнерката на министерот, Лаила Бертосен, била приведена поради истрага за осум прекршоци чија мета бил Вара од декември.
Меѓу тие прекршоци се палење на автомобилот, праќање анонимни заканувачки писма до министерот, испишување графити на неговата куќа.
Бертосен ги негираше сите обвиненија.
- Има некој на кого сум му попотребен отколку на мојата влада, а тоа е мојата фамилија - истакна Вара на прес-конференција.
Тој влезе во норвешката влада минатата
година.