Ако барате одличен технолошки град каде би нашле работа, можеби треба да размислите за Амстердам. Престолнината на Холандија беше прогласена за најдобриот европски технолошки град. Ова и не е изненадувачки факт земајќи го предвид фактот дека 578 меѓународни компании за информациска и комуникациска технологија имаат канцеларии во Амстердам, а 170 од нив решиле таму да ги сместат и седиштата на нивните компании. Овие компании секогаш бараат нови и талентирани луѓе. Ако сте еден од оние кои бараат работа во овој сектор или сакаат да започнат своја кариера во областа на технологијата, еве девет причини зошто треба да го фокусирате вашето внимание на
Амстердам:
1. Мноштво технолошки компании
-Изборот на работа која можете да ја најдете тука е масивен во споредба со другите места - вели Кристина Карстеа, која работи како девелопер во компанијата „Оптивер“.
Компаниите како „БТЦ“, која работи со криптовалути, „Тејкавеј“, која работи со онлајн порачување на храна и „Адјен“, која се занимава со електронска трговија, се само неколку од многуте различни компании кои бараат технолошки таленти кои би работеле за нив во Амстердам.
2. Речиси и да нема јазична бариера
Амстердам е уникатен по тоа што речиси сите зборуваат англиски и е многу лесно за странците да работат таму. Во споредба со другите градови во Европа, во Амстердам речиси и нема јазична бариера. Иако е веројатно дека ќе научите и по некој холандски збор додека живеете во Амстердам, не морате да се грижите дека ќе морате да учите нов јазик за да работите таму.
3. Центар на старт-апи и скејл-апи
Амстердам стана град каде владее технологијата и поради тоа е главна област за основање и напредок на старт-апи. Во Амстердам има доста инкубатори кои им помагаат на старт-апите да започнат со работа. Плус, со тоа што градот е магнет за таленти од областа на технологијата, речиси е невозможно компаниите да не отворат канцеларии во Амстердам со цел да ги искористат многуте таленти. Амстердам нуди и многу поддршка и ресурси за оние кои сакаат да основаат нова компанија или едноставно независно да работат во градот.
4. Импресивен јавен превоз
Амстердам е уникатен поради јавниот превоз и акцентот кој се става на него. Иако е познат како град на велосипедите, транспортната мрежа во Амстердам, која вклучува фериботи, возови, автобуси, трамваи и метроа помага во намалувањето на сообраќајниот метеж и овозможува лесно движење низ целиот град. Тука се и прекрасните канали, а ако сакате малку повеќе вода, само качете се во воз и за половина час сте на плажа.
5. Беспрекорен баланс меѓу работата и животот
Според Индексот за подобар живот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Холандија е место број еден во светот за баланс меѓу работата и животот. Студијата покажува дека само 0,5 отсто од вработените во Холандија работат по многу часови. Поради тоа што повеќето работници од технолошката индустрија не работат според часовникот, тоа им дава повеќе време да го истражуваат градот или да прават други активности по работното време.
6. Помали трошоците за живот
Можеби ќе се изненадите, но во Амстердам трошоците се многу помали отколку во другите градови фокусирани на технологијата. Друг бонус за талентите од другите земји кои сакаат да се преселат во Амстердам е и лукративното 30-процентното даночно олеснување кое им се дава на странците, а кое им помага да си го подобрат животот.
7. Сплотеност
Еден аспект од живеењето во Амстердам е чувството на заедница и сплоеност. Тоа чувство им помага на луѓето од целиот свет да се чувствуваат удобно и да се приспособат на работењето и живеењето во Амстердам.
8. Модерен град
Амстердам стана еден од најмодерните градови во Европа. Културниот живот во Амстердам е полн со уметност, музика, филм и театар кој може да го истражувате откако ќе завршите со работа. Амстердам е дом и на најголемиот центар за пренос на податоци во светот наречен „Амстердам интернет ексчејнџ“, кој помага Амстердам да се направи центар за технолошки старт-апи.
9. Архитектура и историја
Кога ќе видите фотографии од Амстердам, не помислувате на технолошки центар. Тоа е така затоа што Амстердам е полн со преубава архитектура и канали.
-Се чувствувате како да живеете во отворен музеј - вели Фернандо Хуртадо, кој е софтверски инженер.