X
 29.04.2018 Наука

Научници создадоа хируршко лепило кое ги затвора раните за една минута

Американски биомедицински инженери и нивните колеги од Универзитетот во Сиднеј развија еластично хируршко лепило кое би можело да направи вистинска револуција во итните интервенции на санирање на отворени рани.

Основата на гелот наречен „метро“, кој без зашивање ги затвора отворените рани, е хибриден еластичен протеин. Лепилото може да се нанесува на внатрешни и на надворешни рани. Кога ќе се стави, тој се активира со помош на УВ зраци и во рок од 60 секунди ја затвора отворената рана.

Научниците тврдат дека поради краткиот период потребен за затворање на раната, лепилото не го запира природното ширење и опуштање на органите или кожата на која се нанесува.

Лепилото беше успешно тестирано на лабораториски животни, односно на артерии и бели дробови на глодари и на бели дробови кај свињи. Тестирањата врз луѓе се во тек, а досегашните резултати ветуваат многу.

-Најголемата предност на ова лепило е што, штом ќе дојде во допир со површина на повредено ткиво, почнува да се зацврстува - вели Насим Анаби, која е дел од тимот.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука