X
 05.10.2020 Наука

Македонски истражувачки проект за Ковид-19 избран од 38 светски да биде финансиран од Меѓународниот центар за генетички инженеринг и биотехнологија

Во сериозна конкуренција од 38 меѓународни поднесоци на научноистражувачки проекти во областа на Ковид-19, проектот од Клиника за хематологија, предводен од проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, е одобрен и избран да биде финансиран во следните 2 години од Меѓународниот центар за генетички инженеринг и биотехнологија (ICGEB) во Трст, Италија. Се работи за заеднички проект подготвен во соработка со еминентните експерти, акад. д-р Димитар Ефремов, кој раководи со Одделот за молекуларна хематологија во ICGEB, д-р Милена Стефановиќ и д-р Илир Демири од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, академик д-р Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија од Македонската академија за наука и уметности (МАНУ), доц д-р Венко Филипче, Министерство за здравство.

Ковид-19 е болест која има неколку фази, а секоја фаза има свои специфики и бара различен тип интервенција.
Цели на истражувањата се: да се утврди зошто кај некои пациенти имунолошкиот систем не успева да се справи со Ковид-19 инфекцијата во почетните фази, дали може да се предвиди текот на болеста и дали евентуално би можело да се интервенира за да се превенира тежок облик или несакан исход од истата.

- За таа цел ќе испитуваме два сегмента од имунолошкиот систем. Едниот се таканаречените природни антитела, тоа се вид антитела кои се во состојба да неутрализираат различни вируси и кои имунолошкиот систем ги произведува независно од претходни инфекции или вакцинации, а вториот сегмент се цитотоксичните Т-лимфоцити. Очекуваме резултатите од спроведените анализи да имаат улога во добивање подлабока слика за имунолошкиот одговор на секој од пациентите со Ковид-19 поединечно, со што би било можно и дизајнирање на индивидуализиран тераписки пристап за секој пациент - вели д-р Пановска-Ставридис.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука