„Сивиот човек“ (англ. The gray man) е најскапиот филм на „Нетфликс“ досега. Платформата штотуку објави кога ќе биде неговата премиера.
Проектот бил најавен во 2020 година, а во него глумат Рајан Гослинг, Крис Еванс и Ана де Армас, меѓу другите. Буџетот за филмот изнесувал дури 200 милиони долари.
Снимањето било одложувано поради пандемијата, па затоа на платформата ќе пристигне летово. Режисери се Џо и Антони Русо, кои стојат зад филмовите „Одмаздници“ (англ. Avengers).
Филмот е базиран на книги од Марк Грини. Во него Рајан Гослинг глуми платеник на ЦИА кој случајно ги открива тајните на оваа организација. Неговиот поранешен колега нуди награда за негово убиство, што отвора глобална потера.
Филмот ќе пристигне на 22 јули.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)