X
 07.01.2023 Култура

Документарен филм за спасување туристи од вулканска ерупција е меѓу најгледаните на „Нетфликс“

Претходниот месец најпопуларни наслови на „Нетфликс“ беа серијата „Венсдеј“ (Wednesday) и документарната серија „Меган и Хери“, но последниве денови на врвот се наоѓа документарниот филм „Вулканот: спасување од Вакаари“ на режисерката Рори Кенеди.

Станува збор за вистинска приказна за 47 туристи и водич кои биле заробени во близина на брегот на Нов Зеланд во 2019 поради вулканска ерупција.

Филмот го следи настанот од минута во минута, покажувајќи ја силата на природата, но и добрината на луѓето во несаканата ситуација. На денот кога туристите пристигнале на дестинацијата, немало ништо необично што би било знак за ерупција. На островот на кој се наоѓа вулканот постои систем за предупредување, според кој не се очекувала ерупција.

- Дојдовме овде на меден месец и првото што го помислив кога почна ерупцијата беше дека тука ќе умреме - изјавил еден од сведоците на овој настан.

Овој потресен документарен филм стана најпопуларен на платформата за неколку дена.


Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура