X
 10.02.2026 Образование

УКЛО продолжува со континуиран меѓународен успех

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започнува 2026 година со уште еден успех на меѓународната сцена. УКЛО, заедно со уште три македонски универзитети, е рангиран на престижната Кју-ес листа – најстарото и најреномирано рангирање на универзитети во западниот, евроатлантски свет, во неодамна објавената европска листа за 2026 година.

Исто така, кон крајот на минатата година УКЛО со два други македонски универзитети го зацврсти својот академски статус во можеби најрелевантното рангирање за македонски услови – „Тајмс хаер еџукејшн“ (THE) за 2026 година. Универзитетот е вклучен во две светски THE листи: глобалната ранг-листа и листата на влијание (THE Impact List).

Од УКЛО се истакнува дека глобалните универзитетски рангирања, како што се ARWU („Шангај ренкинг“), „Кју-ес ворлд јуниверсити ренкингс“ и „Тајмс хаер еџукејшн“, користат различни методологии и критериуми, со различни цели, при мерењето на перформансите на универзитетите.

ARWU се фокусира речиси исклучиво на научната извонредност преку индикатори како Нобелови награди, високоцитирани истражувачи и публикации во најпрестижни списанија. Овој модел природно ги фаворизира најголемите и најбогатите истражувачки универзитети, додека наставата, општественото влијание и регионалниот развој не се оценуваат, па затоа не секогаш ја прикажува реалната улога на универзитетите во помалите земји.

„Кју-ес ворлд јуниверсити ренкингс“, пак, посебно ја нагласува меѓународната репутација, вработливоста на дипломираните студенти и интернационализацијата. Овој пристап е особено значаен за универзитетите што развиваат меѓународна соработка, програми на странски јазици и академска мобилност – аспекти кои се клучни за институциите во РС Македонија во контекст на европската интеграција.

„Тајмс хаер еџукејшн“ применува поцелосен и балансиран модел кој, покрај истражувањето и неговото влијание, ги вреднува и наставата, меѓународната ориентација и соработката со индустријата. Овој пристап ја прикажува современата европска визија за универзитетите како носители на знаење, иновации и регионален развој, во согласност со учеството на македонските универзитети во европските програми за истражување и иновации.

За универзитетите од регионот, особено оние што активно учествуваат во програми како „Хорајзон јуроп“ или EIT, рангирањата на „Тајмс хаер еџукејшн“ и „Кју-ес ворлд јуниверсити ренкингс“ често нудат поцелосна, стратешки покорисна слика за нивните достигнувања од „Шангај ренкинг“.

Овие резултати се уште една потврда дека меѓународната видливост на УКЛО не е случајна, туку резултат на долгорочна и стратешка посветеност кон европските академски стандарди. Во таа насока, трета година по ред, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола дополнително ја зајакнува својата меѓународна репутација преку активното членство во европската универзитетска алијанса КОЛОРС што овозможува интензивна академска соработка и меѓународен успех

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование