X
 29.12.2021 Образование

УКЛО станува активен чинител во научноистражувачката дејност на национално ниво

Со седум добиени научноистражувачки проекти, УКЛО е втор универзитет во државата што постигна забележителен успех на два конкурси од МОН: за проекти од посебен и јавен интерес за поддршка за развој на лабораториски ресурси и за финансирање на научноистражувачки проекти на јавните научни установи за 2021 година.

Според ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, овој значаен успех потврдува дека УКЛО, покрај во наставнообразовната, активен чинител е и во научноистражувачката дејност и на тој начин ќе ја јакне и својата општествена одговорност. Тој истакна дека на овој начин се обновува практиката за работа на научноистражувачки проекти финансирани на национално ниво.

1

Оцена е дека големиот успех на Техничкиот факултет - Битола, Факултетот за биотехнички науки – Битола, Технолошко-техничкиот факултет - Велес и научните институти за Старословенска култура од Прилеп и Хидробиолошкиот завод од Охрид го позиционира УКЛО како второрангиран универзитет во сферата на научните истражувања и особено во зајакнување на лабораториските ресурси.

Проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, нагласи дека по УКИМ, УКЛО е  второрангиран со седум проекти, по што следуваат МАНУ и УГД – Штип, со по еден проект.

2

По укажувањето дека проектите се однесуваат на суштината на научното истражување, проректорот, проф. д-р Игор Неделковски, нагласи дека во првата проектна линија во првиот конкурс, од вкупно пет, УКЛО доби четири проекти. Станува збор проектна линија за акредитирање на лаборатории имајќи предвид дека клучна работа на секоја лабораторија е нејзината акредитација. На овој начин, според проф. д-р Игор Неделковски, УКЛО ќе стане водечка сила на вакви акредитирани научни истражувања, на што Универзитетот е особено горд.  

3

Тој, исто така, истакна дека во рамките на проектната линија за поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување нови аналитички методи добиени се уште два проекти. 

На настанот учество зедоа деканите и раководителите на проектите од трите единици на УКЛО: Технички факултет – Битола, Факултетот за биотехнички науки - Битола и Технолошко-техничкиот факултет – Велес и тие беа претставени одделно. 

Акредитацијата на лабораторијата за заштита на животната и работната средина од Техничкиот факултет – Битола ја претстави проф. д-р Владимир Мијаковски, еден од двајцата раководители на проектот во кој учествува и проф. д-р Ванѓелче Митревски.

4

Добиениот проект за Компетентност на лабораторијата за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи согласно примената на мкс ен ISO/IEC 17025:2018 го претстави вонр. проф. д-р Елена Јошевска, раководител на проектот.

Акредитацијата на лабораторијата на Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) од Технолошко-техничкиот факултет – Велес ја претстави вонр. проф. д-р Даниела Николовска Неделкоска, раководител на проектот.

Пригодниот настан за претставување на позитивно оценетите проекти за финансирање од Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“  - Битола се одржа на 27.12.2021 г.во Ректоратот на УКЛО. 

5

Резултати од Конкурс за финансирање на научно-истражувачките проекти од посебен и јавен интерес за 2021 г. (поддршка за развој на лабораториски ресурси)

Резултати од Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачките проекти на Јавни научни установи за 2021 г.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование