Гравитација
Таа нè влече кон средиштето на планетава, а кога Земјата навистина би била рамна плоча, не би постоела гравитацијата, туку би постоела сила што би нè влечела кон Северниот Пол со иста јачина. Водата би истекла од океаните, а дрвјата и растенијата би биле наведнати дијагонално кон север, кој најверојатно би бил во средиштето на таа плоча.
Површината би била испржена од Сонцето
Дури и во случај да се реши некако проблемот со гравитацијата, би имале проблем со магнетното поле кое ја штити површината од сончевото зрачење и вселенските експлозии. А тоа поле постои само затоа што Земјата ротира. Нашата планета би била бомбардирана со сончево зрачење, би се уништила озонската обвивка, атмосферата би се разредила и би исчезнала, а површината на Земјата би била бомбардирана од астероиди и комети.
Не би постоела навигација
Речиси ништо што користиме сега не би функционирало. Без обвивка, јадро или магнетен север, сите компаси би престанале да работат. Тоа би било страшно за луѓето, но и погубно за птиците кои го користат магнетното поле за летање. Би немало разлика меѓу небото на јужната и на северната хемисфера. Џипиесот не би работел, сателитите не би останале во орбитата.
Хоризонтот би бил волшебен
Но, би имало и некои убави работи. На пример, погледот низ прозорецот би бил фантастичен. Нашите очи би гледале многу поубаво. На рамна земја би можеле да гледаме далеку во хоризонтот, како кога гледаме низ авионски прозорец. Се разбира, некои детали би биле замаглени, но светлината многу повеќе би се истакнувала, па би можеле да гледаме и градови на неколку стотици километри растојание.
Тектонските плочи би мирувале
Нашите тектонски плочи не се обликувани како сложувалка. Тие се закривени за да можат да се вклопат во заобленоста на планетата. Ако Земјата беше рамна, не би имале ни планини ни долини. Планетата би била целосно рамна. Не би постоеле ни океани – само конзистентен базен вода што еднакво би ја прекривал целата планета. Вулканите не би работеле, и тоа би бил голем проблем затоа што тие се главната причина за постоење на кислородот во нашата атмосфера.
Би било невозможно да се најде Антарктикот
Антарктикот би лежел на надворешниот раб на планетата и би биле оградени со ѕид од мраз кој би ја држел водата на планетата, но затоа никој не би можел да го помине. Тој ѕид би бил вонредно кршлив, а неговото рушење би можело да доведе до истекување на водата.
Не би постоеле годишни времиња
Ако не ја сакате зимата, тогаш би уживале. На рамна Земја, Северниот Пол би се наоѓал на средината од плочата, па затоа на целата планета би имало само едно годишно време. Микробите и животните непречено би патувале низ светот, па така некои болести би се ширеле многу побрзо отколку што можеме да замислиме.
Не би постоел дожд
Кога Земјата би била рамна, ветерот би дувал само во два правци: кон север и кон југ. Ротацијата на нашата планета предизвикува ветрот и океанските струи да се движат од исток кон запад. Кориолисовата сила веќе не би имала ефект, па не би постоеле бури и дождови. Некакви форми на живот би постоеле околу брегот, а сè друго би било пустина.
Сонцето би се судрило со Земјата
На нашата Земја, комбинацијата од моментумот и гравитацијата нè води во орбитата околу Сонцето. Кога таа би била рамна плоча, воопшто не би се движела. Би стоеле под Сонцето, кое би лебдело и чија гравитација би нè повлекла кон него. Според оние што сметаат дека не постои гравитација, дека сè што паѓа паѓа само од себе, истото би важело и за Сонцето и за Месечината - би ни паднале на Земјата.
Тоа би била најглупавата идеја за заговор
Оние што тврдат дека Земјата е
рамна плоча упорно докажуваат дека поинаквото тврдење е обичен заговор лансиран од страна на НАСА. Но, НАСА не е единствената што стигнала во вселената. Во проектот „Аполо“ биле вклучени околу 400.000 луѓе, слично толку и во Советската програма за освојување на вселената, каде што дополнително се пуштени околу 8.000 сателити и разни други вселенски објекти. Во 2012 година тогаш 19-годишниот Адам Кадворт испратил камера во вселената, која чинела околу 50-ина долари, за да ги снима земјените облини...