X
 29.05.2020 Живот

„Визер“ воведува нови летови од Белград, Тузла и Скопје

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе воведе нови летови од Белград, Тузла и Скопје до Салцбург од 2 и 3 јули.

Двапати неделно ќе има летови од секој од овие градови со „Ербас А320“. Новите најави дојдоа само еден ден откако авиокомпанијата објави дека воведува летови од Милано до Приштина во јули.

„Визер“ соопшти дека по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, ќе бара нови можности и своите капацитети ќе ги насочи кон нив.

- Свесни сме дека ќе има краткорочен пад на побарувачката поради коронавирусот, па затоа ги намалуваме нашите капацитети согласно тоа, но не затвораме ниедна рута ниту база - вели основачот на авиокомпанијата „Визер“, Јожеф Варади, коментирајќи ја новата одлука.

Тој додаде дека само ќе се намали фреквенцијата на летови на одредени линии и истакна дека продолжуваат да нарачуваат авиони и дека до јуни ќе има 22 нови нарачки, со што флотата на компанијата значајно ќе порасне, па затоа се воведуваат нови рути, а и нови бази.

Извор: B92
Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот