X
 28.06.2017 Живот

Кина го гради првиот шумски град во светот

Во последно време често слушаме и читаме вести за големите пукнатини во мразот на Антартикот, зголемувањето на температурата на планетата, како и недостигот од храна. За среќа, има и некои добри вести, а доаѓаат од Кина.

фото извор: Stefano Boeri

Кинеската влада најавува конструкција на најголемата соларна фарма на светот. Односно, земјата ќе работи на креирање на шумски градови, за да се бори со огромното загадување на воздухот.

Шумскиот град е дизајниран од Стефано Боери, а ќе може да биде домаќин на 30 илјади луѓе. Благодарение на дрвјата и растенијата, ќе може да се апсорбираат речиси 10 илјади тони јаглероден диоксид, 57 тони загадувачи годишно и да се произведуваат речиси 900 тони кислород годишно.

Во градот ќе има милиони растенија од над 100 видови, како и 40 илјади дрвја. Наводно, ќе бидат изградени училишта и две болници, а ќе може да се вози со електрични автомобили. Се најавува и користење на соларна енергија во градот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот