X
 02.10.2021 Наука

Мит е дека возрасните не можат да научат јазици толку лесно како децата

Возрасните можат да научат втор јазик исто толку брзо колку и децата, открива ново истражување - а поради условите во кои децата учат втор јазик, се добива мислењето дека тие се брзи ученици.

Ова значи дека возрасните можат да развијат зголемени нервни врски, типични за билингвалните лица, кои можат да спречат деменција за четири години, како и да го олеснат патувањето. Кај децата, учењето втор јазик го зголемува бројот на нервни врски помеѓу областите на сивата материја и преку учењето се обновуваат постојните врски со повеќе концептуални капацитети.

Ова им дава на родителите повеќе причини да почнат да учат втор јазик бидејќи истражувањата покажаа дека учењето јазик заедно како семејство ги подобрува способностите на секого и дава можности за учење кои претежно ги нема во училница.

Многу студии покажаа дека склоноста на децата за учење втор јазик е многу поголема од склоноста на возрасните, но неодамнешното истражување од одделот за лингвистика на Универзитетот во Канзас покажа дека тоа не е точно.

јазик
Фото: Freepik

Во испитувањето на ученици што го учат шпанскиот јазик како втор јазик, истражувачите откриле дека по минимална обука, мозочната активност при склопување реченици со граматички карактеристики уникатни за некој јазик е слична на онаа што се јавува и при мајчин јазик. Со други зборови, активноста на мозокот кај англискиот говорител кој кажува, пишува и чита: „Лас флорес сон ермосас“ или „Цвеќињата се прекрасни“, е идентична со онаа што на шпанскиот говорител, и покрај фактот дека оваа целна реченица користи граматички карактеристики што не се наоѓаат на англиски јазик.

- Ова покажува дека дури и со ограничена изложеност во училницата, учењето може да се случи доста брзо и ефикасно - вели Алисон Габриел, професорка по лингвистика на Универзитетот во Колорадо и коавтор на трудот.

Друго истражување објавено во списанието „Журнал оф чајлд ленгвич“ откри дека лицата на возраст од четириесет години и децата реагирале исто на инструкциите за учење јазик, зајакнувајќи ја претходно наведената хипотеза дека средината во која учат детето и возрасниот ја прави разликата.

Учењето јазик како семејство го подобрува нивото на задлабочување потребно за вистинско разбирање на вториот јазик. Секоја домашна активност, без разлика дали е градинарство, играње во двор, гледање филм, одење на шопинг, чистење или приготвување оброк, станува можност за учење јазик. Експертите советуваат да подготвите речник пред некоја активност.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука