X
 29.06.2022 Култура

Повлекувањето на реката Тигар поради сушата откри град стар 3.400 години

Пред илјадници години реките Тигар и Еуфрат родиле некои од најраните цивилизации. Реките создале регион познат како Плодната полумесечина, каде што изобилувале просперитетни трговски патишта, богато земјоделство и прекрасни градови. Денес, овие древни урнатини од Месопотамија се наоѓаат во Ирак, Иран и други места на Блискиот Исток. Овие места сега се соочуваат со сурова суша, особено бидејќи климатските промени ги зголемуваат регионалните температури. Во Ирак, поради повлекувањето на водите на Тигар, се откри комплекс на палата стара 3.400 години од империјата Митани, од бронзеното време.

Империјата Митани била моќна цивилизација во северна Месопотамија. Таа доминирала во регионот од 1500 до околу 1360 година пр.н.е. пред да падне под Хетитската Империја, а потоа подоцна под Асирците. Митаните биле моќни играчи. Тие пишувале на клинесто писмо, се допишувале со египетските фараони и граделе големи палати. Еден антички центар на бреговите на Тигар бил наречен Закику.

1
Фото: Universities of Freiburg and Tübingen, KAO

Најверојатно, тоа е градот што се појавил поради сушата. Тигар била преградена во 80-тите години за да се создаде резервоар за снабдување на градовите со вода и за обезбедување електрична енергија. Поплавата во областа на браната Мосул ги опфатила древните урнатини на палатата која долго време лежела во мирување. Повремено, потрошувачката на вода го намалувала резервоарот и повторно ги изложила урнатините. Во 2018 година краткото изложување им овозможило на истражувачите да ја документираат прекрасната палата. Затоа, кога во јануари и февруари 2022 година сушата уште еднаш го намали нивото на водата во акумулацијата, археолозите знаеја дека немаат време за губење.

Курдскиот археолог д-р Хасан Ахмед Касим, претседател на археолошката организација на Курдистан, со германските археолози д-р Ивана Пуљиз (Универзитет во Фрајбург) и д-р Петер Пфелцнер (Универзитет во Тибинген), отишле на локацијата со итно финансирање од Фондацијата „Фриц Тисен“, во соработка со Дирекцијата за антиквитети и наследство во Духок.

Истражувачите брзо ја мапирале локацијата, која е позната како Кемуне. Тие ископале масивно утврдување со ѕидови и кули, повеќекатна зграда за складирање и индустриски комплекс.

- Огромната зграда на самото место е од особена важност бидејќи во неа мора да се складирани огромни количини стоки, веројатно донесени од целиот регион - изјави д-р Пуљиз.

2
Фото: Universities of Freiburg and Tübingen, KAO

- Резултатите од ископувањето покажуваат дека локацијата била важен центар на империјата Митани -  додаде д-р Касим.

Тимот ја забележа извонредно добро зачуваната состојба на урнатините. Направени од печена кал и тула, тие успеале да преживеат 40 години главно под вода. Непечени глинени плочи со клинесто писмо биле откриени дури и во глинени садови. Некои сè уште се затворени во глинени пликови бидејќи ни биле испратени до примачот.

Овој град стар е важен дел од ирачката и светската историја. Неговото периодично повторно појавување може да продолжи да го зголемува научното знаење за локацијата и империјата Митани.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Universities of Freiburg and Tübingen, KAO
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура