X
 03.01.2021 Култура

Меѓународен фестивал на скулптури од снег и мраз што треба да го видите барем еднаш во животот

Меѓународниот фестивал на скулптури од снег и мраз ќе се одржи во Харбин, Кина, по 37. пат. Иако фестивалот официјално почнува на 5 јануари 2021 година со темата „Магичен Харбин, шармантна Кина со леден снег“, повеќето скулптури се веќе завршени, а локалното население веќе може да ужива во некои зимски активности.

Фестивалот се нарекува и замрзнатиот Дизниленд бидејќи вклучува многу замоци и други чуда од бајките во природна големина направени од снег и мраз. Скулптурите од мраз се распространети на повеќе локации во градот на површина од околу 750.000 квадратни метри, а на нив во просек работат околу 10.000 луѓе.


Некои скулптури можат да достигнат висина од 50 метри. За изработка на скулптурите се користат околу 200.000 кубни метри мраз. Не е тешко да се дојде до мраз во овој најголем и главен град на провинцијата Хеилонгјанг во Североисточна Кина, бидејќи зимите можат да бидат брутално студени, а температурите паѓаат до -25 Целзиусови степени.


Покрај уживањето во скулптурите и светлосното шоу што се организира како дел од фестивалот кога ќе падне ноќта, посетителите на Харбин може да пробаат различни зимски спортови, од скијање до пливање во ледената река Сонгхуа.

Фестивалот секоја година го посетуваат до 20 милиони луѓе.


Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура