X
 29.06.2024 Технологија

Зошто толку ја презираме точката во текстуалните пораки?

За помладите генерации, користењето соодветни интерпункциски знаци во СМС-пораките често е многу важно, поради што се појави интересен тренд: избегнување точка на крајот од реченицата. Овој „феномен“ може да изгледа чуден, особено за постарите генерации. Има неколку причини - брзината на пишување, влијанието на социјалните мрежи, визуелната едноставност, но водечката причина е емоционалната интонација.

Младите, всушност, веруваат дека точката на крајот од реченицата може да звучи премногу формално, па дури и студено. Во контекст на неформална кореспонденција, точката може да се сфати како знак за крај на разговорот, или дури и како израз на гнев, пасивна агресија или фрустрација. Наместо тоа, речениците без точки оставаат впечаток на попријателски и лежерен тон.

Така, точката на крајот од пораката воспоставува одредено растојание помеѓу испраќачот и примачот.

- Интерпункцијата е љубезна кога разговарате со некој постар од вас или со личност која е ваш претпоставен на работа, но е одбивна во пријателската комуникација - пишува „Њујорк тајмс“.

Јасно е дека пораката завршила без разлика на интерпункцијата, па затоа младите сметаат дека крајот на самата порака е „белег“ што ја заменува точката.

Гретчен Мекалох, канадска лингвистка и авторка на книгата „Затоа што интернетот...“, посветила цело поглавје од нејзината книга на „типографскиот тон на гласот“, кој ги истражува не само точките, туку и другите интерпункциски знаци како средство за одредување на тонот на пораките, но и пораките напишани со големи букви (caps lock), кои ги смета за обраќање со викање, користењето *ѕвездички* и овој знак „~“ за акцент, потоа „минималистичката типографија“ која се состои само од мали букви, што може да укаже на некаква мртва, саркастична монотонија и, се разбира, „tYp1nG l1k3 th!z“.

Ова се нарекува „l33t говор“, т.е. „говор на елитата“ (во хакерскиот сленг „l33t“ значи елита). Порано беше искрен и популарен начин за зачинување на текстовите, но сега се користи речиси исклучиво во иронија.

Извор: tportal.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија