X
 29.07.2017 Живот

Лоши навики од кои треба да се откажете

Откажувањето од лошите навики е нешто со кое се борат многу луѓе во текот на животот. Ако некогаш сте се обиделе да се откажете од пушењето, тогаш сигурно го знаете чувството.

Сите ние имаме пороци, но ако сте зависни од онлајн-шопинг, озборување на работното место или ако не можете да престанете да броите колку лајкови сте добиле на „Фејсбук“ или „Инстаграм“, тогаш време е да ставите крај на сето тоа.

Ова се најлошите навики од кои треба да се одвикнете денес.

Гризење нокти

Гризењето нокти е вообичаена навика со која се ослободуваме од стресот. Таа влијае врз приближно половина од децата на возраст од 10 до 18 години, но и многу возрасни.

Гризачите на нокти често пати го прават тоа несвесно, и често пати завршуваат со заразени кутикули и крвавење на ноктите. Ова не е само нехигиенски и грозно, туку е и многу болно.

Како да се откажете? Обидете се со горчлив лак за нокти кој има одвратен вкус.

Пушење

Пушењето престана да биде „кул“ уште пред многу време.

Откажувањето на цигарите ќе биде најдобрата одлука што може да ја направите за вашето здравје. Често се цитира како една од најтешките навики од кои треба да се откажете, но со силна волја може да успеете.

Несоодветно рециклирање


Досега треба да знаете што може, а што не може да се рециклира.

Пишување со два прста


Ако и денес пишувате со двата показалци на вашата тастатура, тогаш дефинитивно треба да престанете. Постојат многу ресурси што ќе ве научат како да пишувате со сите прсти.

Возење секаде


Ако постојано го користите автомобилот, дури и само за едно одење во продавница што се наоѓа на крајот од улицата, тогаш време е да ги оставите клучевите дома и да прошетате.

Неконтролирано пиење алкохол

Ако сте маж и редовно пиете повеќе од седум стандардни пијалаци во текот на денот или ако сте жена и редовно пиете пет стандардни пијалаци, тогаш треба подобро да размислите за последиците што пиењето ги има врз вашето здравје.

Доцнење

Секогаш пристигнувате еден час или половина час подоцна? Или некој постојано ве чека? Доцнењето е непочитување кон другата личност.

Јадење под стрес и шопинг под стрес


Ниту една од овие две работи нема да ве исполни долгорочно. И двете можат да ја оштетат вашата самодоверба, а и вашиот паричник.

Давање зајадливи коментари


Дали постојано ги малтретирате вашите најблиски за глупости во несоодветно време? Ако го правите тоа, никој нема да сака да биде во ваше друштво. Научете се да ги одберете вашите битки бидејќи навистина не можете да победите во сè.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот