X
 29.07.2018 Живот

Кој е најубавиот остров во светот?

Планетата изобилува со преубави и магични дестинации, но моментално само една ја заслужува титулата најубав остров во светот.

Магазинот „Патување & Одмор“ спровел истражување врз основа на кое направил листа со најубавите острови во светот. Во гласањето учествувале илјада луѓе, врз основа на впечатокот од активностите, природните атракции, плажите, храната и љубезноста на локалното население.

Победувајќи ги традиционалните фаворити како островот Мауи на Хаваите, Бора Бора и Тахити, густо населениот остров Јава во Индонезија е прогласен за најубав во светот.

Опишан како „срцето на нацијата“, Јава е економски и географски центар на Индонезија и место каде живеат 141 милион луѓе.

Сместен помеѓу Суматра и популарните Бали, островот Јава за првпат оваа година се најде на листата на најубави острави, благодарение на преубавите водопади, локалните традиции и зачуваните природни убавини.

Островот добил оцена 95.28 од 100, и признание поради бројните искуства и природни атракции што ги нуди.

Според пишувањето на „Лонли планет“, најпознатите туристички атракции на овој остров е храмот Борободур, најголемиот будистички храм во светот, изграден во 9-от век и Јогјакарта, провинција што е културен и уметнички центар на Индонезија. Во ова место се зборува најчистиот јавански јазик и тука на туристите им е највидлива нивната традиција.

Националниот парк Бромо-Тенгер-Семер е исто така една од омилените дестинации, поради пејзажите што потсетуваат на фотографиите од Месечината.



Ова се островите што се најдоа во топ 10:

1. Јава, Индонезија
2. Бали, Индонезија
3. Ломбок, Индонезија
4. Малдиви
5. Островот Ваихеке, Нов Зеланд
6. Палаван, Филипини
7. Маурициус
8. Цебу, Филипини
9. Парос, Грција
10. Тасманија, Австралија
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот