X
 22.05.2022 Живот

Се продава остров во Јадранско Море, цената може да стигне до еден милион евра

Хрватска има 1.244 острови, од кои само 66 се населени. Над 80 отсто од помалите острови се во сопственост на државата, а преостанатите се во приватна сопственост.

Еден таков е Мали Космаш, со површина од 5.000 квадратни метри. Тој е во сопственост на жител на околното место Винишче, кој сега го продава. Цената на овој мал остров во моментов изнесува 700.000 евра, но се очекува да стигне и до еден милион евра.

Овој остров е на продажба од 2016 година и сè уште се бара сопственик. Според Јасмина Билишков, сопственичка на агенција за недвижности, имало заинтересирани купувачи од Хрватска и од странство, но најчесто се откажуваат кога ќе дознаат дека не е дозволено градење на островот.


Фото: Pixabay

Островчето е обиколено со високи карпи, па затоа е тешко да се пријде, а властите велат дека таков остров е погоден само за агрикултура.

Билишков смета дека Хрватска би можела да заработи со продажба на ваквите острови и треба да го следи грчкиот пример и да дозволи изградба на нив. Но, за тоа е потребно да се менуваат закони и просторниот план.

Освен тоа, според хрватскиот закон, брегот на островите е поморско добро со кое управуваат властите и не може да биде во приватна сопственост.

Извор: Indikator
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот