X
 25.11.2015 Образование

Кои студенти плаќаат највисока школарина?

Англија ја има највисоката просечна школарина во индустријализираниот свет, иако овие школарини се враќаат преку високите плати на дипломците, вели годишната анкета за образование во повеќе од 30 земји.

 

цеана


Во просек, англиските студенти платиле околу 6.000 фунти за годишна школарина во 2013-2014 година, после одлуката на владата тројно да ги зголеми школарините, вели ОЕCD (Оrganisation for economic co-operation and development).

Веднаш после Англија се најде Америка со околу 5.300 фунти школарина, а зад неа е Јапонија со 3.300 фунти.

Споредбата се однесува само на државните универзитети. Другите наоди во рамките на годишниот извештај вклучуваат дека почетните плати на наставниците во Англија и Шкотска се под просекот и скоро најниски во Европа. Меѓутоа ова се надоместува преку бонуси, со кои се зголемуваат платите.

Во текот на професијата, платите на наставниците во Англија и Шкотска се намалуваат.

„За прв пат во историјата, последните 10 години не беа толку добри за наставниците во однос на добивање повисока плата. Шкотска и Англија моментално се враќаат назад кога ќе ги погледнете платите помеѓу 2005 и 2013 година“, вели Андреас Шлеичер, директор за образование и вештини во OECD.

Исто така, истражуањата покажуваат дека Велика Британија ги има најголемите училници со по 27 ученици, додека просечно во другите земји има околу 21 дете. Само Кина, Чиле и Израел имаат поголеми класови.

Она што било необично во истражувањето е тоа што во основните училишта на наставниците им е дадено малку време за работи кои не се поврзани со учењето, како на пример подготовка на лекцијата или професионален развој.

„Во повеќето земји е обратно. Јапонија, Кореја, Кина, имаат големи класови но тие го користат тоа за на наставникот да му се даде повеќе време за други работи освен учење“, вели Андреас.

Додека 8 земји од ОECD немаат школарина за студентите на државните универзитети, во повеќе од половина од другите земји, годишните школарини се 1.300 и повеќе.

„Ова е важен меѓународен доказ кој покажува дека англиските студенти плаќаат повеќе за универзитет отколку нивните колеги во другите земји. Додека ова се`уште не го намали бројот на сиромашните млади студенти, се смета за голем пад на бројот на возрасни вонредни студенти, важна група за студентите“, вели Андреас. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование