X
 08.07.2020 Образование

Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Економски факултет - Прилеп

Економскиот факултет - Прилеп е целосно подготвен за успешен упис на нови студенти, оценуваат од оваа единица на УКЛО и со посебна гордост истакнуваат дека новата генерација студенти во академската 2020/2021 на одреден начин е привилегирана и поврзана со 60-годишнината на Економскиот факултет. Факултетот претставува современа високообразовна институција профилирана според највисоките светски високообразовни стандарди, со современи студиски програми и функционални просторни услови за студирање.
Имено, Факултетот располага со одлични инфраструктурни и технички капацитети: 5 амфитеатри, 15 предавални, современи компјутерски центри, библиотека, интернет-клуб, видеоконференциска опрема, со што Економскиот факултет целосно ги исполнува современите барања и потреби на студентите, соодветно на законски предвидените нормативи и стандарди.

1

Она што е особено важно е дека студиските програми на Факултетот динамично се приспособуваат според потребите и барањата на пазарот на труд и кореспондираат со развојните трендови и стратегии на земјата. За академската 2020/2021 година Економскиот факултет  - Прилеп нуди широк спектар на студиски програми од сите три циклуси на студии од следниве области: банкарство и финансии, сметководство и ревизија, меѓународен бизнис, менаџмент, маркетинг-менаџмент и е-бизнис.

Инаку, студиските програми на Економскиот факултет се атрактивни и приспособени на потребите на пазарот на труд. На прв циклус моментално функционираат шест студиски програми, и тоа: сметководство и ревизија, маркетинг-менаџмент, меѓународен бизнис, менаџмент, е-бизнис и банкарство и финансии. Според Конкурсот за упис на студенти во академската 2020/2021, на Економскиот факултет има 200 слободни места за редовни студенти во државна квота каде што износот на партиципација изнесува 200 евра годишно, 30 слободни места за редовни студенти со школарина за студирање во износ од 400 евра и 18 слободни места за вонредни студенти со школарина од 400 евра годишно. Деканот на Факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, истакнува дека за студентите од другите градови во државата постојат одлични услови за сместување во државниот студентски дом „Орде Чопела“ со капацитети за престој и исхрана според највисоки стандарди и исклучително поволни финансиски услови.

2

Факултетот, исто така, нуди многу дополнителни можности за развој на професионалните и интелектуалните капацитети на студентите преку нивно вклучување во различни студентски активности, реализирање практична работа во голем број компании, остварување студентска мобилност на некој од универзитетите во странство и др. За академскиот подмладок на Економскиот факултет, редовно се обезбедува финансиска поддршка од бизнис-заедницата, пред сè, од компании и фирми со кои Економскиот факултет има воспоставено долгогодишна соработка и традиционално негува добри односи. Оваа соработка, според деканот на Економскиот факултет, се реализира и со организирање предавања од истакнати експерти од практиката и практична настава за студентите со цел тие да можат да се стекнат со апликативни знаења и вештини. Менаџментот од Економскиот факултет оценува дека континуираното инвестирање во студентите благодарение на партнерството на академијата со институциите, фирмите и бизнис-компаниите дава конкретни резултати зашто во центарот на општествената кооперација се поставуваат најважните чинители - студентите, идните носители на развојот на државата.

3

4

Меѓу најсилните предности што се очекува да бидат соодветно препознаени кај матурантите и сите млади луѓе кои знаат дека економијата ги придвижува сите активности, Економскиот факултет – Прилеп ги истакнува традицијата и континуираниот развој, достигнувањата во економската наука и едукацијата, како и примената на знаењата во реалниот сектор, бизнисите и  националната економија во целина. Ова впрочем многу успешно Економскиот факултет - Прилеп го остварува и во услови на ковид-криза, кога со своите предлози кои се стручно и научно фундирани, нуди значајна помош за економијата и државата за справување со актуелните проблеми и предизвици.

5

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование