X
 18.05.2018 Култура

Насловната страница на „Нешнл џиографик“ ни е последен повик за будење

Погледнете ја добро насловната страница од јунското издание на магазинот „Нешнл џиографик“. На прв поглед ќе видите карпа мраз во океан. Но кога подобро ќе погледнете, ќе ви стане многу јасно и ќе сфатите дека она што го гледате е само врвот.

Секоја година повеќе од 8 милиони тони пластика завршуваат во океанот. Колку е голем овој проблем станува јасно кога знаеме дека пластиката не се разградува во водата - тоа значи дека секоја година уште 8 милиони тони се таложат на оние што веќе претходните години се наталожиле.

Ова е опасно од многубројни причини, првенствено затоа што ги загрозува човечките животи, а ги загрозува и растенијата и животните. Секоја пластична чаша што ќе ја фрлите во океанот може да заврши во вашиот стомак.

plastika
Фото: National Geographic


Се загрозува синџирот на исхрана бидејќи загадувањето влијае дури и врз најситните организми, како што се планктоните, а кога тие ќе бидат отруени од пластиката, тогаш загрозени се и поголемите животни што се хранат со нив. Следејќи го синџирот, доаѓаме до тоа дека и рибата што луѓето ја јадат е полна со пластика, односно токсична е за човечкиот организам. Освен тоа, дополнително се комплицира веќе огромниот проблем во светот, а тоа е достапноста на вода за пиење, како и загадувањето на почвата и на воздухот.

- Планета или пластика? - пишува на насловната страница на „Нешнл џиорафик“, а ние се прашуваме - дали некогаш ќе се разбудиме и ќе сфатиме дека ако ние вака се однесуваме кон единствената планета што ни овозможила живот, како таа ќе се однесува кон нас?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура