X
 17.12.2019 Технологија

Пет светски технолошки компании обвинети дека се одговорни за смртни случаи и сериозни повреди на деца во Африка

Пет водечки светски технолошки компании се обвинети дека се одговорни за смртни случаи и сериозни повреди на деца во Африка, кои се принудени да работат во рудници за кобалт.

Судската постапка против „Тесла“, „Епл“, „Алфабет“, „Мајкрософт“ и „Дел технологии“ е поднесена во име на 14 семејства од Демократската Република Конго пред суд во Вашингтон, објави американската непрофитна организација „Меѓународни заговорници за право“.

Компаниите се дел од системот на присилна работа што, според семејствата, резултирал со смрт и сериозни повреди на нивните деца.

Ова е првпат повеќе технолошки компании да се соочат со судска постапка поради вадење кобалт.

Судските документи вклучуваат фотографии на деца со деформирани раце и нозе. Некои се и осакатени.

Шест од 14. деца во случајот загинаа при уривање на тунел, а други се здобиле со телесни повреди, вклучително и парализа, тврдат од „Меѓународни заговорници за право“.

Дел од децата биле плаќани по 1,5 долар на ден, а работеле 6 дена во неделата. Кобалтот е важна суровина за производство на литиумски батерии што се користат во производи од технолошката индустрија. Повеќе од половината од тој метал се вади во Конго. Според ЕК, глобалната побарувачка за кобалт во следните 10 години треба да се зголеми за 7 до 13 отсто.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија