X
 03.05.2021 Живот

Малдивите ќе го градат првиот пловечки град во светот

Малдивите веројатно ќе го добијат првиот пловечки град во светот. Тој ќе се нарекува „Малдиви флоутинг сити“, што на англиски значи Пловечки град на Малдиви.

Островската држава има најниска површина од сите земји во светот, според НАСА. Пловечкиот град треба да ѝ помогне на земјата да се бори со ефектите од климатските промени и растечкото морско ниво. Според некои истражувања, островите би можеле да станат невозможни за живот до 2050 г., а сигурно е дека Малдивите ќе бидат помеѓу првите што ќе се спуштат под морското ниво.

Пловечкиот град, дизајниран од холандската фирма „Дач доклендс“, ќе биде изграден во лагуна и ќе има облик на лавиринт што ќе личи на корал. Во него ќе има илјадници станови, а цената ќе се движи од 250.000 долари за стан од 92,9 квадратни метри, па нагоре.

Во градот ќе има домови, продавници, болници, училишта, места за рекреација и јавни места. Изградбата треба да почне во 2022 г.


Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот