X
 29.08.2019 Живот

Орден за заслуги доби кучето што го одбрани Обама од натрапници

Белгискиот овчар што го одбрани поранешниот американски претседател Барак Обама од натрапници во Белата куќа е одликуван со Орден за заслуги, кој го доделува британската ветеринарна добротворна организација ПДСА.

Кучето Хурикејн (Hurricane), чие име во превод значи Ураган, е прво животно од странство што ја добило таа награда, која ќе му биде врачена на церемонија во Лондон во октомври годинава.

Хурикејн, кој некогаш работеше за тајната служба, во октомври 2014 година ги пресретна насилниците што ја прескокнаа оградата на Белата куќа.

Еден од нив го удирал и шутирал кучето, но тоа го соборило и го влечело по земја, па на тој начин им овозможило на агентите од тајната служба да го фатат. Благодарение на него, Обама, кој во тоа време бил во Белата куќа, не беше повреден.

Маршал Мирачи, кој работеше со Хурикејн, го опиша како „легенда“ на тајната служба. Тој додаде дека повредите со кои Хурикејн се здобил во инцидентот придонеле тој да се пензионира од тајната служба во 2016 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот