Аеродромот „Чанги“ во Сингапур го носи називот на најдобар аеродром во светот веќе трета година по ред благодарејќи на бројните можности за одмор и рекреација, стотиците дуќани и ресторани и многу активности за децата. Но, една работа го прави аеродромот поубав од сите останати - градините.
Првата градина била изградена во доцните 1980-ти години, а сега има пет големи низ терминалите. Во сите градини има вкупно 500.000 растенија и 250 видови растенија, кои растат на крововите или во внатрешноста на аеродромот.
Моментално има две градини на кровот на аеродромот, а останатите три се во внатрешноста.
Од 2008 година, асеродромот стана првиот кој има внатрешна градина на пеперуги. Моментално се работи на 4-та градина. Ѕирнете како ќе изгледа во видеото.
Повеќе фотографии најдете во галеријата.