Светските реки пресушуваат побрзо од кога било поради климатските промени, а минатата година беше најсушната досега.
Светската метеоролошка организација (СМО) објави дека нивото на реките во светот продолжи да опаѓа во последните пет години. Во 2023 година повеќе од 50 отсто од сите сливови на реките имале дефицит на вода. Со оглед на тоа што лани беше најтоплата година досега и поради екстремните временски услови што предизвикуваат големи поплави, СМО вели дека постои јасна врска помеѓу климатските промени и ниските нивоа на реките.
- Добиваме сигнали за помош во форма на сѐ поекстремни врнежи од дожд, поплави и суши кои им нанесуваат голема штета на луѓето и економиите - изјави Селест Сауло, генерален секретар на СМО.
Масло на огнот е и природната промена на временските шеми од Ла Ниња до Ел Нињо, две спротивставени климатски шеми кои се типични со загревањето на температурата на морската површина во Пацификот, што доведува до поголеми врнежи во некои делови од светот, суши во други и потопли зими во типично ладна клима. Иако овие циклуси се евидентирани, научниците велат дека климатските промени ги влошуваат - и тоа им отежнува на метеоролозите да ги предвидат.
Накратко, најновиот извештај прикажува вознемирувачки портрет на она што може да се случи со речните корита низ светот доколку климатските промени продолжат со несмалено темпо.
Извор: futurism.com
Фото: Freepik