X
 29.08.2021 Живот

Зошто пешачењето дејствува како медитација?

Медитацијата може да има различен облик. Доколку мирното седење не ви одговара, не мора да го правите тоа. Како медитација може да послужи и пешачењето, кое му помага на телото да се синхронизира со умот додека се поврзува со природата.

Освен тоа, пешачењето ни помага и да се фокусираме само на една работа. Доколку се фокусирате само на вашето дишење додека пешачите, сите ваши сетила ќе бидат вклучени.

Пешачењето го намалува стресот

Кога чувствувате дека сте под голем стрес на крајот од денот, нема ништо подобро од пешачењето. Не е важна брзината, ниту траењето на прошетката. Така се одморате од сите и од сè, барем привремено.

Го подобрува расположението

Пешачењето го стимулира лачењето на ендорфин, хормонот на среќата, а со тоа ги намалува и шансите за депресија. Пуштете ја омилената музика на слушалки и сè ќе биде подобро.


Фото: Pixabay

Прошетката го буди целото тело

Дури и доколку сте добро расположени, не треба да седите цел ден. На вашето тело му е потребно движење за циркулација на крвта.

Идеално е ако тешко се релаксирате

Доколку сте нервозна личност која постојано е во движење и не може да седи мирно за време на медитација, пешачењето е создадено за вас.

Доволни се 10 минути

Доколку мислите дека пешачењето е ефикасно само ако пешачите долго и брзо, се лажете. Дури и 10 минути се доволни да ве поттикнат да продолжите со оваа практика секој ден.

Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот