X
 07.01.2022 Здравје

15-минутна прошетка по вечерата е добра за здравјето

Експертите секогаш споменуваат дека не треба да се легнува по јадење. Впрочем, најдобро нешто што може да направите по оброкот е кратка прошетка, особено по вечерата. Италијанците се навикнати да одат на прошетка по вечерата бидејќи со векови знаат за поволностите од оваа навика.

Едно истражување сега покажало дека пешачењето по оброкот помага и во спречување дијабетес тип 2. Во истражувањето учествувале постари лица кои оделе на 15-минутна прошетка по оброкот, што ги намалувало осцилациите на шеќерот во крвта во следните часови.


Фото: Pixabay

Истражувањето открило и дека кратките прошетки по вечерата се покорисни за намалување на шеќерот во крвта отколку 45-минутна прошетка во претпладневните часови или попладне. Седнувањето или легнувањето по обилна вечера може да ја зголеми глукозата во крвта во следните часови, вели главната истражувачка Лорета Дипјетро, која е професорка на Институтот за јавно здравје при Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.

Што се случува во телото кога пешачиме по јадењето?

Мускулите кои ги употребуваме за пешачењето користат глукоза како енергија и ја извлекуваат од циркулацијата, со што го намалуваат нејзиното количество во крвта. Затоа, најдобро што може да направите по вечерата е да станете и да пешачите, вели Ендру Рејнолдс од Универзитетот „Отаго“ на Нов Зеланд.


Фото: Pixabay

Понатамошните истражувања покажале и дека одењето го забрзува времето што ѝ е потребно на храната да стигне од желудникот до тенкото црево, што може да го зголеми периодот во кој се чувствувате сити по јадењето.

Извор: Dnevnik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје