X
 29.08.2022 Живот

Хонгконг тестира нови семафори за оние што гледаат во телефон додека преминуваат улица

Мобилните телефони им го одземаат вниманието на жителите на Хонгконг додека поминуваат преку улица, па затоа властите размислуваат за воведување хоризонтална сигнализација која ќе биде алтернатива за класичните семафори.

Во Хонгконг се тестираат вакви семафори на четири локации во период од шест месеци. Тие испуштаат црвена светлина која се гледа на пешачкиот премин и тротоарот. Целта е луѓето што гледаат надолу кон телефонот да застанат без да излезат на улица.


Бројот на смртни случаи на пешаци во Хонгконг се намалил годинава, но смртните случаи предизвикани од пешаци кои не почитувале сигнализација се зголемиле.

Во првите шест месеци од годинава седум пешаци загинале на семафор, а во четири од овие сообраќајни несреќи не била почитувана светлосната сигнализација.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот