X
 29.08.2023 Живот

Ова е најевтината куќа во светот - има 67 квадрати, а се продава за 1 долар

Веројатно многу пати сте слушнале за познатите италијански куќи што чинат 1 евро, но САД најдоа начин како да ги претекнат.

На веб-страницата Chrishubelsells.com се продава куќа која чини само 1 долар, а се наоѓа во американската држава Мичиген. Иако се продава по оваа смешна цена, агентот за недвижности што ја продава вели дека ќе чини многу повеќе.

- Ви го претставуваме најевтиниот дом во светот. По цена од само 1 долар, овој дом не е само куќа, туку и билет за животна авантура со недвижности - пишува во описот.



Во описот се вели дека куќата има 67 квадратни метри, две спални соби и една бања, а купувачот треба да го разбуди својот внатрешен гуру за да ја поправи.

- Влезете во куќата и доживејте ги сите емоции додека го откривајте секој агол и пукнатина, кои молат за вашиот креативен допир - пишува агентот за недвижности Крис Хјубел.

- Покривот можеби видел подобри денови, но сè уште не протекува, обезбедувајќи неочекуван излив на возбуда кога најмалку очекувате - пишува во хумористичниот опис.

Фотографиите покажуваат изгребани дрвени подови, када на која се чини дека има мувла, пространа кујна и многу повеќе.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот