X
 02.03.2018 Живот

Зошто Путин сака да ја нападне Флорида со нуклеарни бомби?

путин
Фото: Russian Government

Претседателот Путин се пофали со „непобедливото“ нуклеарно оружје преку графичко претставување што покажува како ракетите би ја нападнале Флорида.

Зошто Кремљ би сакал да ја таргетира оваа држава во случај на нуклеарна војна?

Флорида е дом на туристички атракции, како што се Светот на Волт Дизни и националниот парк Еверглејдс. Но, исто така, тука е и Мар-а-Лаго, одморалиштето на Трамп.

Портпаролот на Одделот за одбрана на Америка изјави дека Пентагон не е изненаден од реториката на Путин.

„Американскиот народ треба да биде сигурен дека сме целосно подготвени“, изјави Дана Вајт, минимизирајќи ја заканата од Русија.

Постојат неколку нуклеарни бункери на имотот на Трамп во Флорида, Мар-а-Лаго. Постои уште едно засолниште близу Вест Палм бич, каде што се наоѓа теренот за голф на Трамп, а уште еден бункер може да се најде недалеку од Мар-а-Лаго - бил изграден за претседателот Џон Ф. Кенеди. Бункерот се наоѓа на островот Пираут, на 10 минути од куќата во Палм бич, каде што Кенеди често престојувал.

Сепак, ниту еден бункер, без разлика на тоа колку добро е изграден, не би преживеал директен удар, велат експертите. Друга воена цел би можела да биде Централната команда на Америка, со седиште во Макдил, Тампа.

Меѓутоа, аналитичарите велат дека Флорида нема да биде главната цел во случај на нуклеарна војна. Веројатно Москва ќе ги насочи нуклеарните бомби кон воздухопловната база „Малсторм“ во Монтана. Кремљ исто така сака да ги избрише двете стратешки подморници во Бангор, Вашингтон и Кингс Беј, Грузија, заедно со други 70 американски воени бази низ целата земја.

Тоа би бил оган од две бомби во секој од 131 најнаселен град во Америка. „Ова не е стратегија за борба. Ова е порака. Симболизмот е во самото видео. Станува збор за реторички процут“, вели Марк Фицпатрик од Меѓународниот институт за стратегиски студии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот