X
 15.05.2017 Живот

Експертите за кариера едногласни – доаѓа крајот на резимеата

Првата работа што се прави кога се аплицира за работа е ажурирање на резимето. Но во ерата на технологијата, кога социјалните мрежи земаат замав, се чини дека работите ќе се променат.

интервју

Чарли Тејлор е основач на апликација за кариера Debut и тој верува дека има многу поефективни начини на кој може да ѝ се покажат вештините на компанијата. Неговата апликација служи за спојување на кандидатите со компаниите и тој вели дека оние компании што бараат CV се многу малку.

Според Чарли, најголема причина поради која тој предвидува промени е тоа што живееме во ера на дигитализација.

Целта на апликацијата е да се зачуваат Вашите вештини што обично ги пишувате во резимето и да се поткрепат со докази од менаџерите за вработување со кои се сретнувате. Ако седите пред регрутерот одредено време тој е во можност да процени дали имате или не одредена вештина.

Целта на основачот на апликацијата е да се запаметат овие вештини со тоа што компаниите ќе дадат фидбек за интервјуата кои ги направиле, па на тој начин да се собираат информации на Вашиот профил. Ако на пример, голема компанија забележала дека сте организирани или добар лидер, потенцијален работодавач би може да ја земе предвид таа информација.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот