X
 26.04.2020 Живот

Успешни претприемачи откриваат како првата работа им помогнала во кариерата

Големи се шансите дека вашето прво работно место не било најдоброто. Но, без разлика на работната позиција, првата работа има влијание врз насоката во која ќе се движи кариерата. Ова се однесува и на успешните претприемачи од кои многумина црпиме инспирација денес.

Џони Краудер е основач на „Коуп ноутс“, апликација која испраќа позитивни пораки за подобрување на менталното здравје на клиентите. Пред да ја основа својата компанија, Краудер научил тешки лекции додека работел во друга компанија. Тој бил нивниот прв вработен, бил многу лошо платен и работел во станот на основачот на компанијата.


Фото: Pixabay

Фирмата брзо напредувала и за неколку месеци имала над 60 вработени. Сепак, по неколку задоцнети плати, вработените сфатиле дека биле излажани и се обиделе да ги добијат платите преку судска постапка, но компанијата прогласила банкрот.

- Знаете што би ценел повеќе отколку маса за мал хокеј во лобито? Вистината - вели Краудер.

Антони Клерви, менаџер во „Уна“, ја почнал својата кариера работејќи како мијач на садови. Гледајќи наназад, Клерви вели дека тоа била најдобрата работа што можело да ја има момче како него кое не знаело како да работи со луѓе.

- Бев решен да се ставам во позиција на која никој не може да ми каже што да правам, а сакав и да бидам на лидерска позиција и да им давам моќ на другите, а не да ги обесхрабрувам - вели тој.

Ед Лаџински е основач на „Зајп“, систем за менаџирање видеосодржина. Неговата прва работа била редење лекови на полиците во една аптека. Тој мислел дека работата ќе биде лесна, но всушност била напорна. Строгата агенда претставувала предизвик за него бидејќи морал да работи и за време на празници.


Фото: Pixabay

- Нема потреба да кажам дека не успеа, но искуството ми помогна да сфатам дека доколку сакам да работам по своја агенда, треба да бидам работодавец - вели тој.

Брајан Лиу ја добил првата работа во престижна адвокатска фирма веднаш по дипломирањето. Но, она што не го очекувал од првата работа била празнотијата.

- На полноќ, седев сам надвор од канцеларијата и си помислував: „Во што се впуштив?“ - се потсетува тој.

Кога се вратил дома со новиот автомобил што му бил мерка за успех, сакал да го скрши автомобилот. Тој сфатил дека милијардерските договори за милијардерските компании не му донеле среќа. Сфатил дека треба да ја напушти професијата, а наскоро ја основал „Бизкансл“, платформа за адвокатски услуги за мали бизниси. Поради првото работно искуство, Брајан вели дека сега се фокусира на она што го исполнува: помагање на вистинските луѓе.

Автор: Бек Бамбергер
Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот