Родителите на прваче во Општина Аеродром имаат право на парична помош во висина од 3.500 денари, а утре истекува рокот за поднесување барања.
Еднократната парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 3.100.000 денари.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се преземе од интернет-страница во менито за формулари или директно на следниов линк.
- Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството - изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.