X
 05.08.2021 Живот

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Владата на денешната 95. седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Македонија во траење од 30 дена.

-Одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови на седницата која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари. Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење - стои во соопштението.

Од Владата додаваат и дека за одлуката ќе бидат известени претседателот и Собранието.

Заради операционализирање на одлуката, Владата донела заклучоци:

- На претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на армијата во справување со кризната состојба;

- Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш да започне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување;

- Министерството за внатрешни работи, армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Македонија да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба;

- Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на Македонија.

Фото: vlada.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот