X
 29.09.2023 Живот

Овој пешачки мост може да се подигне три метри во случај на поплава

Нов мост во Прага, Чешка, директно го поврзува центарот на градот со островот Шванице. Овој пешачки мост е смислен како елегантна конструкција која се приспособува на движењето на пешаците и велосипедистите. Неговата благо закривена конструкција се вклопува во сообраќајот и во околината.

Меѓутоа, она што го прави посебен овој мост, кој е долг 300 и широк 5 метри, е неговата можност за вертикално поместување. Мостот се потпира на насипи и столбови, а кон брегот на островот се спушта со трет „крак“ благо како рампа.

Мостот е смислен така што во случај на поплава може да се подигне со помош на хидрауличен систем.



- Конструкцијата би требало да трае 200 години без никакво одржување. Последниот дел може вертикално да се подигне. Во Холешовице во столбот има хидрауличен механизам кој овозможува целиот мост да се подигне за три метри во случај на поплава - изјави архитектот Петр Теј.

Мостот е сегментен и се состои од 57 монтажни компоненти. Изграден е од бетон зајакнат со влакна со високи перформанси, има полирана завршна обработка и потсетува на сјаен бел мермер. Главната носечка конструкција е од армирано-бетонска греда.

Мостот е отворен годинава и веќе е многу популарен меѓу жителите на градот и посетителите на чешката престолнина.

Извор: Gradnja.rs
Фотографии: Alex Shoots Buildings
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот