X
 29.10.2016 Живот

Петте места кои не смее да ги има ниту на Гугл мапите

Од мистериозна сибирска тундра до локации на кои се тестира биолошко оружје – ваквите места дури ни Гугл не дозволува да се видат на мапа. Местата не се отворени за јавност, бидејќи владите и тајните организации чуваат информации, кои пошироката маса не треба да ги дознае, така барем тврдат теоретичарите на заговори.

Местата на мапите на Гугл се појавуваат заматени, а некогаш и избришани.

1. Снежниот гребен во Непал

Се нарекува уште и Канктега, еден од најголемите врвови на Хималаите во Непал, со 6782 метри надморска височина. Необично е тоа што на мапата на Гугл местото се зацрнува без никаква логична причина. Теоретичарите на заговори сметаат дека таму има тајна воена база. Човечка нога стапнала за прв пат во 1964 година, но постојат бројни шпекулации дека на врвот дошле нацистите за време на Втората светска војна кои таму откриле НЛО база и подрачје за различни тестирања,а местото се зацрнува на мапа за да не дојде до истражувања од страна на љубопитните лица.

2. Скршената стрела на Гренланд

За време на Студената војна, американската авијација водела строго доверлива акција наречена „Хром дом3 во која авион В52 летал со арсенал на нуклеарно оружје. Операцијата е откажана кога бомбардерот паднал во 1968 година додека летал кај аеродромот Тул на Гренланд, а голем број луѓе се уверени дека ова место е замаглено на мапа, токму заради тоа. Експлозијата наводно го разделила мразот на морето, па заради тоа целото подрачје е контаминирано со радиоаткивен плутониум. Голем дел до нуклеарното оружје не е пронајдено, а екипите кои биле пратени за да ја расчистат територијата наводно настрадале заради зрачењето.

3. „Копирано и лепено“ место во Русија

Во дивините на сибирската тундра постои подрачје кај округот Чукотка кое е многу јасно исечено, односно „копирани и лепено“ од друго подрачје на Гугл мапата, а никој не е сигурен зошто е тоа така. Кога ќе се зумира, планините одеднаш се претвораат во рамна зона. Рисите пак на своите карти само го зацрнуваат подрачјето. Мистеријата да биде уште поголема, постои гласина дека во блискиот залив Креста се одвиваат операции на ЦИА. Теоретичарите на заговори сметаат дека таму се наоѓа руски систем за управување со времето HAARP, или пак се вршат некои тестирања. Други пак, мислат дека таму се наоѓа огромна количина на злато, каде што рударите откриле  кога го откопувале пронашле различни мрачни тајни.

4. Пацифифичкиот остров кој исчезнал

Островот кој наводно го открил капетанот Кук, Сенди, долго бил прикажуван како дел од Коралното море кај австралиското крајбрежје. Иако на картите од 1800-те било обележувано, многумина велат дека сега го нема на карта. Фантомскиот остров официјално бил „откриен“ во 2012-та година кога истражувачки брод не можел да пронајде ништо на координатите на кои требало да се наоѓа островот.

5. Ранчот „Junction“

Во средината на пустината Мохаве во Калифорнија се наоѓа ранчот „Junction“, местото каде што наводно се одвиваат воени тестирања и различни мистериозни проекти. Низ целата база има необични калибрациски мети изложени во геометриски примероци, додека на крајот од авионска писта има необичен состав на мобилна опрема за тестирање и воени возила. Најитересното е тоа што делови од пистата се отсечени од мапите на Гугл, а и други мапи.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот