X
 29.10.2018 Култура

Богохулењето во Ирска повеќе нема да се казнува со глоба од 25.000 евра

Со 65 отсто од гласовите Ирска се изјасни за укинување на богохулењето како кривично дело од Уставот, по крајните резултати од референдумот во петокот.

По „да“ за легализирање на абортусот во мај и хомосексуалниот брак во 2015 година, овој референдум повторно покажува дека земјата се оддалечува од својата силна католичка традиција. Иако богохулењето како кривично дело се сметало за застарено, никогаш не било применето во понова историја.

- Отсекогаш сум чувствувал дека таквата одредба не треба да има место во нашиот Устав. Ирска со право се гордее на својата репутација како модерно и либерално општество - изјави министерот за правда Чарли Фанаган.

1
Фото: Alamy


Богохулењето е дефинирано во ирскиот закон од 2009 година како израз со кој се означува користењето на името на Бога на начин на кој одредени религии или нејзините власти го сметаат за недозволив и навредлив, односно сквернавење.

Членот 40.6.1 од Уставот ја одредувал забраната и одредувал казна од 25.000 евра. Последното кривично гонење за богохулење било забележано во 1855 година, пред независноста на земјата, против свештеник кој рекол дека случајно ја запалил Библијата, но на крајот сепак бил ослободен.

Богохулењето повторно станало актуелно во 2015 година кога британскиот актер и режисер Стивен Фрај го нарекол Бог „глупав“, бидејќи создал свет полн со неправда, на ирска телевизија. Била отворена истрага што не довела до кривично гонење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура