X
 21.12.2016 Уметност

Зошто виолините „Stradivarius“ се посебни?

Со векови, виолините Страдивариус се познати по својот посебен звук, Но, нивниот Италијански креатор тајната за нивното создавање ја одвел со себе во гроб. Сега истражувачите сметаат дека тајната е можеби во третман против црвоточини  кои му наштетуваат на дрвото.


Се работи за навистина скап инструмент, кој чини дуи 45 милиони долари. Во новата студија, научниците откриле комплексна мешавина на хемикалии во дрвото од виолините кои му помагаат да биде заштитено. Минералот кој е вбризган во дрвото се верува дека има својство да ги одбива црвоточините. Не е познато како хемикалијата ја сменила структурата на дрвото, но научниците ќе продолжат со истражување.

Се верува дека и структурата на дрвјата била поинаква во периодот на 15 и 16 век заради „малата ледена доба“, па дрвјата растеле побавно. Се претпоставува дека дел од тајната на структурата на овие виолини е јаворово дрво. Но, послендите истражувања не покажале дека јаворовото дрво е поразлично кај овие виолини од истиот таков материјал кај виолините од сегашно време. Сепак, научниците потврдуваат дека тие модели на виолини се навистина отпорни на црвоточина, па така тие веруваат дека таа комбинација на процес на стареење, хемиски третман и вибрации се всушност клучот на овие инструменти. Хемиските третмани кои се користеле тогаш не се доволно познати за денешното време и во голем дел тоа е разликата од тогашната до сегашната изработка на инструмените.

Творештвото на Страдивари го сочинуваат 1.116 инструменти, од кои 960 се виолини, а околу 500 виолини се употребуваат и денеска.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност