X
 29.10.2019 Образование

Не е постигнат договор за платите во образованието

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор за платите во образованието, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата министерот Арбер Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

- За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои ни треба дополнително време да ги разгледаме од наша страна. До крајот на неделата сигурно повторно ќе имаме работен состанок и мислам дека тоа што го постигнавме досега е за поздравување, изјави Адеми.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование