Луѓето под 18-годишна возраст во Англија нема да може да вшприцуваат ботокс и филери во усните поради новиот закон.
Законот стапи во сила минатата недела во Англија, а тој подразбира дека ќе биде нелегално лице под 18 години да ги прави овие козметички третмани, според препораките и одлуката на Одделот за здравство и социјална грижа. Законот се однесува и на оние што ја посетуваат земјата или оние што имаат дозвола од некој на возраст над 18 години. Третманите, сепак, може да бидат дозволени од медицински експерт – ако се работи за здравствена состојба која ги бара тие третмани.
Поранешната министерка за здравство Надин Дориес го најавила законот уште минатиот месец поради зголемениот број млади луѓе кои се обидуваат да постигнат таканаречено „инстаграм-лице“. Дориес истакнала: „Нема да се употребуваат козметички процедури освен за медицински причини, за лица под 18 години. Нивниот физички и ментален развој сѐ уште не е довршен.“
Промената доаѓа откако пратениците рекоа дека „целосно отсуство“ на регулирање на третманите за убавина како што се ботоксот и филерите ја ставаат јавноста во ризик - и одржувањето статус кво не е опција.
Постоеше целосен недостиг на правна рамка за стандардите околу нехируршките естетски третмани, што ги остави потрошувачите во ризик и ја поткопа способноста на индустријата да се развива, утврди Сепартиската парламентарна група за естетика и благосостојба.
Извор