X
 05.05.2022 Живот

Јапонски град ќе стане првиот во светот што не создава отпад

На островот Шикоку во Јапонија има град со околу 1.500 жители кои се обидуваат да живеат без да создаваат отпад. Во 2003 година градот Камикацу потпишал декларација за создавање нула отпад и оттогаш користи систем за купување, консумирање и фрлање производи за да биде јаглеродно неутрален. Градот проценува дека постигнал 80 отсто од трансформацијата која треба да е комплетна до 2030 година.

Повеќе од половина од жителите во градот имаат над 65 години. Градот работи со компаниите за да ги охрабри да користат материјали што се рециклираат, а главен дел од трансформацијата е центарот за рециклирање во градот.


Жителите го делат отпадот во 45 категории. Само за хартија постојат 9 различни категории. Жителите ги чистат и сушат валканите производи пред да се рециклираат, а градот нуди наградни поени за оние што се вклучени во процесот.

Според Момона Оцука, менаџер во центарот за рециклирање, соработката на жителите и законот што овозможува рециклирање отпад се клучни за создавање култура на масовно рециклирање.

Веднаш до центарот има продавница каде што жителите ги оставаат старите предмети кои не им се потребни, а други граѓани може бесплатно да си ги земат.


Во градот има и пиварница која произведува пиво од јачмен, кој инаку би се фрлил бидејќи не би се продавал поради неправилниот облик. Пиварницата соработува со различни компании за да користи остатоци од прехранбени производи, а самата фабрика била изградена од стари материјали.

Во градот има и хотел во кој гостите добиваат 6 корпи за делење на отпадот, а декорациите и мебелот се направени од стари материјали.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот