X
 30.08.2020 Здравје

Сакате во понеделник да се разбудите одморени? Ослободете се од овие викенд-навики

Без здрава храна нема добар сон, а во текот на викендот често се опуштаме и претеруваме со храната и алкохолот. Колку и да ни причинува задоволство, во понеделник изутрина се каеме.

Во недела порано го гасите светлото, ги исклучувате сите апарати, одите на спиење навреме, но ништо не помага зашто во понеделник изутрина се будите нервозни и уморни... Можеби е време добро да размислите што јадете и што му прави таа храна на вашиот сон.

Обидете се пред да си легнете да воведете некои нови навики во животот... И заборавете на сите оние лоши навики што ги практикувате за време на викендот, како мрсна и слатка храна, многу кафе и алкохол...

1. Изедете мал оброк, неколку часа пред да си легнете

Гладот може да ве разбуди, па немојте да си легнувате со празен стомак. Одбирајте мали, здрави оброци, како овесна каша или житарици со немасно млеко или јогурт.

2. Избегнувајте големи, мрсни и зачинети оброци пред спиење

Лесни грицки се дозволени, но премногу храна може да предизвика физички тешкотии кога ќе си легнете. Обемниот оброк навечер може да предизвика несоница и тешкотии кои го попречуваат мирниот сон.

3. Немојте да пиете премногу течности

Ќе станувате во текот на ноќта, а тоа баш и не звучи како удобен сон.

4. Избегнувајте го кофеинот

Кофеинот го стимулира нервниот систем и оневозможува континуиран одмор. Избегнувајте напивки со кофеин најмалку осум часа пред легнување в кревет. На телото му е потребно доста време за целосно да го отстрани тој стимуланс од организмот.

5. Избегнувајте го алкохолот

Алкохолот на почетокот ќе ве направи поспани, но на подолг период го попречува сонот и често предизвикува будење во текот на ноќта.

Извор: ordinacija.vecernji.hr
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје