X
 29.12.2019 Култура

Најтажната љубовна песна на Мика Антиќ

Што е најважно во љубовта? Од сите одговори што ми ги даваа помудрите и повозрасните, повеќето од нив прескокнуваа еден. А ми се чини дека можеби токму тој е клучен. Тајмингот.

Ако моментот во кој сте се сретнале не е вистинскиот за вас двајца, можете да бидете сродни души колку што сакате, џабе ви е. Факт докажан во искуство многу пати. Она кога ќе ви кажат дека некој не ви е суден, тоа всушност значи дека едноставно не сте го сретнале кога требало. Болно, но вистинито. А тоа го знаел и Мика Антиќ и тоа чувство најдобро го преточил во една од неговите најтажни љубовни песни, Песна за нас двајца:

Знам,
мора да е така:
никогаш не сме се сретнале ние двајца,
иако се бараме еднакво
поради среќата нејзина
и среќата моја.
Пијан дожд шиба и удира,
на врбите ветрот им ја кубе косата.
Каде ќе одам јас?
Во кој град да навратам?
Денот е исипан по матните полиња.
Скитам по светот со две празни очи
зјапам во лицата на минувачите.
Кого да прашам, гладен и мокар,
зошто никогаш не се сретнавме?
Или тоа веќе беше?
Требаше чекор?
Можеби сосема до мене дошла.
Но јас,
во крчма свратив горчлив,
а таа,
не знаејќи - прошла.
Не знам,
Цел свет го обиколивме
во луда желба
еднаква,
а за чекор се разминавме.
Да, мора да е така.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура