Пред прагот на празниците често се зголемуваат купувањата или посвојувањата домашни миленици. Но, експертите предупредуваат дека подарувањето домашни миленици не е најдобрата идеја.
Вработени во засолништа за животни истакнуваат дека посвојувањето домашно милениче е долгорочна обврска, а не одлука донесена ненадејно.
- Не се работи само за изборот на најмалото куче или најслаткото маче. Треба да се најде домашно милениче кое одговара на животниот стил на вашето семејство и да бидете сигурни дека сте подготвени за одговорноста. Добро размислете пред да подарите домашно милениче. Иако животните можат да донесат љубов и радост, тие исто така имаат потреба од време, внимание и голема посветеност - објасниле вработените од американското засолниште „Фури френдс рокин рескју“.
Вработените во засолништето напорно работат за секое посвојување да биде успешно и добро. Тие поставуваат детални прашања за да потврдат дека семејствата се подготвени за времето, грижата и финансиските потреби што ги бара домашно милениче. Сепак, и покрај овие мерки на претпазливост, некои домашни миленици завршуваат назад во засолништето или се исфрлени на улица од невнимателни и сурови посвоители.
Имајте на ум дека домашните миленици бараат многу внимание, време и финансиски трошоци, а доколку не сте подготвени за тоа, подобро е да не го преземате тој потфат.
Извор: net.hr
Фото: Freepik