X
 29.12.2024 Живот

За студентските денови на Катерина Коцевска, врсничкото насилство, новите предлог-закони на МОН... Што пишувавме неделава?

За врсничкото насилство одговорни се сите, а може да се намали со едукација и развивање емпатија кај учениците, вели психологот Соња Угриновска

Од почетокот на оваа учебна година, за само три месеци имало 15 пријави за насилство во училиштата, а меѓу најновите случаи е тој во Основното училиште „Блаже Конески“ во Велес кога седмоодделенец физички нападна свој соученик кој заврши со тешка повреда на черепот.
Институциите го расчистија случајот, поднесени се соодветни пријави, во целиот процес се вклучени психолози, педагози, социјални работници, обвинител и родителите, но јавноста остана потресена од инцидентот. Истовремено се вклучи алармот кај сите дека не се прави доволно за да се заштитат децата од булинг во училиштата.

Кога бев студент со Катерина Коцевска: „Најтешко беше кај професорот по марксизам, но јас добив десетка“

Катерина Коцевска е македонска театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1982 година во класата на професорот Вукан Диневски. Во 1983 година таа станала член на ансамблот на Драмскиот театар - Скопје. Оттогаш одигра многу главни и споредни улоги во претстави на Драмскиот театар, но и во другите театарски установи во Македонија. Од 2019 до 2023 година беше директор на Драмскиот театар - Скопје.

Државна химна, инклузивност, сексуално образование: Кои новини од предлог-законите на МОН предизвикаа полемики во јавноста?

Од четирите големи закони од пакетот од шест закони за образование што МОН го предложи до пратениците, останаа уште три. Предлог-законот за средно образование го помина првиот собраниски филтер и изгласувањето на потребата за негово донесување, но по поднесените амандмани од страна на албанските политички партии, министерката Весна Јаневска го повлече.

Издвојуваме

Живот