Еден од позитивните факти поврзани со пандемијата е тоа што многумина имаат послаби симптоми кога се заразени со ковид-19. Ова е особено точно кога станува збор за вакцинираните лица, кои имаат девет пати помали шанси да бидат хоспитализирани во споредба со оние што не се вакцинирани.
Според американскиот Центар за контрола и спречување болести, симптомите може да се појават во периодот од 2 до 14 дена по заразувањето, а најчесто се јавуваат за околу 5 или 6 дена.
Фото: Pixabay
Многу слаби симптоми што може да се појават во овој период се температура или треска, кашлица или отежнато дишење. Губење на чувството за мирис и вкус сè уште претставува чест симптом.
Меѓутоа, многу заразени лица немаат никакви проблеми со дишењето, а имаат симптоми како главоболки, вртоглавица и повраќање. На листата со можни симптоми се наоѓаат и секрет од носот или дијареја.
Експертите велат дека е важно луѓето да се тестираат доколку имаат некој од симптомите бидејќи речиси е невозможно да се препознае ковид-19 само врз основа на симптомите.
Фото: Pixabay
Не се знае дали омикрон ќе смени нешто
Според првичните сознанија, симптомите на сојот омикрон се послаби отколку оние на делта-сојот, но експертите велат дека е прерано да се носат заклучоци и дека сојот може да се смени. Затоа се битни мерките за спречување на ширењето, како вакцинирањето и маските.
Извор:
Huffpost